НДМ поднесе иницијатива до Собранието за распишување референдум за членство во ЕУ
Граѓаните треба сами да одлучат дали сакаат Македонија да биде дел од Европската унија. Народоното движење за Македонија поднесе иницијатива Собранието само да распише референдум. Велат дека ставот на нивната партија не е ниту ЗА ниту ПРОТИВ европското семејство, туку целта е да се слушне гласот на народот. Причина за покренување на иницијативата е новата реалност во Унијата по брегзит, но и најавите на други влијателни држави дека сакаат да го преиспитаат членството. Од НДМ велат дека доколку Собранието не распише референдум во законскиот рок од 90 дена, партијата ќе превземе и други чекори.
„Доколку Собранието не распише референдум по сопствена иницијатива, по 90 дена ќе следи втората фаза за собирање на 150.000 потписи. Поточно, НДМ ќе ја искористи втората можност од член 20 од Законот преку граѓанска иницијатива на државно ниво за распишување на референдум која се смета за покрената ако најмалку 150.000 граѓани со свои потписи ја поддржале иницијативата. Во таков случај, Собранието е должно да распише референдум“ вели Јанко Бачев, претседател на НДМ.
СДСМ пак смета дека нема потреба од распишување референдум, бидејќи сите досегашни анкети покажуваат дека ставот на граѓаните е јасен, односно дека Македонија нема друга алтернатива освен членство во унијата.
Законот за референдум у други облици на непосредно изјаснување на граѓаните дава можност Собранието по сопствена иницијатива да распише референдум за консултирање на народот за прашања од пошироко значење за Републиката. Законот предвидува дека од денот на објавувањето на одлуката за распишување на референдум до денот на одржувањето не можат да поминат помалку од 60 ниту повеќе од 90 дена.
-
Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар