Спорт плус
14. December 2017 - 13:54

Навивач на Партизан останал без заби, а откинати му биле носот и едно уво

Вистински хорор се одвиваше на натпреварот Партизан - Црвена Ѕвезда кога се степаа навивачи. 

Еден од навивачите бил тешко повреден, а повредени се уште 20 лица.

Тој цела вечер бил во болница каде лекарите се бореле за неговиот живот. Иако сега е стабилен велат ќе има трајни последици, откинати му биле носот и увото, а му биле скршени и сите заби.