Напредува расчистувањето на теренот во скопско
Соба по соба, двор по двор, улица по улица. Полека но сигурно еден дел од Стајковци се враќа во нормален тек. Се чисти куќа по куќа, детално, со заеднички сили на жителите, институциите и волонтерите. Сител направи обиколка на улиците каде пред два дена беше многу тешко да се стигне. Мебел, телевизори, електрични апарати стојат надвор, а багери и камиони постојано се движат полни со шут и отпад.
Иако сеуште неизоставни се последиците од невремето сепак жителите на Стајковци велат дека се работи во полн ек.
Храна и вода има доволно за жителите на погодените места, а единствено облеката во овие моменти е повеќе потребна. Жителите на Стајковци велат дека еднаш искористената облека неможе да се испере.
И понатаму Црвен крст во соработка со Армијата, покрај тоа што има пунктови во училиштата, до секоја куќа во погодените места доставува храна, вода, облека и хигенски препарати. Освен тоа што има дневни, Црвен крст доставува и месечни пакети за повеќе члени семејства.