Свет
24. February 2017 - 12:45

Најмалку осум војници во самоубиствен напад во Јемен

Во самоубиствен напад во јеменскиот град Зинџибар утрово загинаа најмалку осум војници, а десет се повредени, соопштија локалните власти.

Нападот бил изведен од бомбаш-саноубец облечен во униформа. Тој го активирал автомобилот-бомба пред влезот на воениот камп.

Се претпоставува дека напаѓачот е член на Ал Каеда.