Најмалку четворица загинати при удар на торнадо во Уругвај
Најмалку четири лица загинаа, а седуммина други се потешко повредени синоќа при удар на торнадо во реонот на уругвајскиот град Долорес, кој се наоќа на 265 километри јужно од Монтевидео.
Торнадото, кое е ретка појава во Уругвај, предизвика сериозни штети во Долорес, град со околу 250.000 жители.
По невремето уругвајскиот претседател Табаре Васкес прогласи вонредна состојба во регионот на Долорес, каде се уништени значителен дел од станбените објекти.
Како што јави ДПА, во жариштето на торнадото, ветерот дувал со брзина од околу 240 киломметри на час.
Уругвајските медиуми јавија дека по невремето биле регистрирани повеќе случаи на ограбување на продавници од страна на локалните жители, поради што во градот е засилено полициското и военото присуство.
Ново на Сител
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Изборна статистика
-
Масовна посетеност на струшката литија
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Избори во Идризово, гласаат близу 900 затвореници
-
Во Штип гласаат болни и изнемоштени, излезноста со ист процент како и во првиот изборен круг
-
МВР подготвено за избори