Свет
14. јуни 2017 - 18:56

Најмалку 12 лица загинаа во пожарот во кулата Гринфил во Лондон

Најмалку 12 лица загинаа во пожарот што утринава изби во лондонската Гринфил тауер, соопшти лондонската полиција. 

- Можам да потврдам дека загинаа 12 лица, но се плашам дека, за жал, нивниот број ќе расте, изјави шефот на лондонската полиција Стујарт Кунди. 

Британските медиуми јавија дека се уште не е позната судбината на многу луѓе кои се наоѓале во зградата во моментот кога избил пожарот.