Свет
25. April 2017 - 10:37

Најмалку 10 загинати во експлозија во близина на пакистанско-авганистанската граница

Најмалку 10 лица денеска загинааа во експлозија на мина поставена крај пат во северозападен Пакистан, во непосредна близина на авганистанската граница.

- Десет лица загинаа, вклучувајќи и една жена и едно дете, изјави Шахид Али Кан, претставник на локалните власти.

Како што прецизираат британските медиуми, мината експлодирала откако била активирана со далечински управувач.