Над 96 отсто од плажите во Европа во согласност со стандардите на ЕУ
Плажите во Европа стануваат се почисти и најголемиот дел од нив ги исполнуваат минималните барања на ЕУ за квалитетот на водата, се наведува во извештајот на Европската агенција за животна средина.
Во извештајот се посочува дека квалитетот на водата во 96,1 отсто од вкупно околу 21.000 уредени места за капење во Европа во текот на 2015 година бил во согласност со стандардите на ЕУ, што претставува раст за 0,9 процентни поени во споредба со претходната година.
Најдобри места за пливање има во Луксембург, Кипар, Малта, Грција, Хравтска, Германија и Австрија, каде условите на над 90 проценти од плажите се оценети како одлични.
Најмногу плажи со лош квалитет на водата има во Италија и Франција, по 95, а по нив следува Шпанија со 58 неквалитетни места за капање.
Најголем процент на плажи што не ги исполнуваат минималните стандарди за квалитет на ЕУ има во Велика Британија (4,9 отсто), а по неа следуваат Ирска (4,4 отсто), Холандија (3,4) и Бугарија (3,2 отсто).
Ново на Сител
-
Вербални закани кон претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска, случајот пријавен во полиција
-
Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект во Штип
-
Стара експлозивна направа пронајдена во двор во делчевското село Вирче
-
Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз
-
Маж од Валандово најден починат дома, ќе се прави обдукција
-
Кривична пријава против градоначалник поради противзаконито располагање со буџетски средства
-
Фоден играч на сезоната во Премиер лигата
-
Убиство и самоубиство во Бјеловар, Хрватска