Македонија
8. May 2016 - 16:09

Над 8.000 учесници од 46 држави на годинешниот Скопски маратон

Скопскиот маратон со врвни резултати, 8000 маратонци од Македонија и 46 други земји учестуваа оваа година. Трката започна утринава од Порта Макеоднија , преку Камениот мост, низ сите главни булевари и назад до Плоштадот Македонија.

Кениецот Кипротич Кируи прв стигна до целта за 2часа12мин и 36 секунди по истрчаните 42 км, зад него прва од жените е неговата сонародничка Гладис Бивот а најбрзи макеоднци беа братот и сестрата Кираџиеви.

Градот Скопје и ВЕропската Унија се главни покровители на настанот кој се одржува по повид Денот на Европа.

Скопскиот маратон привлече професионални спортисти, почетници, тимови од компании и јавни претпријатија. Дел од нив учеството го посветија на хуманитарни цели. Дел напорнос е подготвувале, дел дошле за забава.

Покрај упорноста на мкаратонците, не помалку заслужниз а успешноста на настанот беа и нивните поддржувачи кои на креативни начини ги бодреа да издржат до целта.

На маратонот редовно учествуваат и претставници од  медиумите. Меѓу нив беа и спортскиот новинар на Сител Марјан Ников заедно со снимателот Јован Трајковски. За нив учеството станува традиција.

Скопскиот маратон по ланската пауза се одржува по 12 пат традиционално  по повод денот на Европа.