Живот
3. September 2015 - 12:30

Нацистичкиот воз со богатство во Полска е голема лага!

Гувернерот на Народната банка на Полска Марек Белка изјави дека приказната за возот со нацистичко злато, кој наводно е пронајден во југозападниот дел на таа земја е измислена и дека станува збор за несолена шега и измама.

На прашањето, дали евентуално прнајденото злато од возот би можело да ги зголеми резервите на Централната банка на Полска, Белка рече дека верува дека никој во централната банка не размислувал на таа тема, објави Ал Џезира Балкан.

Заменик полскиот министер за култура изјави минатата недела дека е речиси сигурен дека во Полска е лоциран нацистичкиот воз, кој наводно ичезнал пред крајот на Втората светска војна.

Властите во Полска пред два дена покренаа акција против ловците на богатство кои ја преплавија околината на градот Валбрзук на југозападниот дел од таа земја, каде наводно бил пронајден возот.

Откако еден Полјак и еден Германец на 20 август објавија дека го пронашле нацистичкиот воз полн со богатство - злато, бесценети камења и вредни уметнички дела кој наводно исчезнал пред крајот на Втората светска војна, тој град и околните шумовити предели се соочуваат со „златна треска“.

Како што јавуваат медиумите, луѓето со детектори за метал ја преплавиле областа.

Гувернерот на провинцијата Томас Смоларц рече дека во понеделникот полицијата се обидувала да ги сопре и побара од војската да го испита теренот.

Според наводите на официјалните лица, претходниот извештај за наогалиштето покажаа дека таму се наоѓаат само стари делови од метали.