Македонија
10. November 2015 - 9:34

Национална конференција за новинарска етика и медиумски вредности за време на избори

Во организација на Македонскиот институт за медиуми и Советот за етика во медиумите, во соработка со УНЕСКО и со Делегацијата на Европската Унија, денеска во Скопје ќе се одржи национална конференција на тема „Новинарска етика и медиумски вредности во специфични околности и за време на избори”.

На форумот ќе се обратат шефот на Делегацијата на ЕУ, Аиво Орав и вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими, а свои излагања ќе имаат Енес Османчевиќ од Советот за етика на Босна и Херцеговина, Мартин Хакерби, медиумски експерт од Велика Британија, како и претставници на Комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите, Медиапринт Македонија и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиуми.

Конференцијата се организира како дел од проектот „Отчетноста на медиумите во Југоисточна Европа“, кој е имплементиран од УНЕСКО и финансиски поддржан од Европската Унија.