Началникот на ГШ на австриските вооружени сили во посета на Македонија
Во дводневна официјална посета на Армијата на Република Македонија (АРМ) ќе престојува началникот на Генералштабот (ГШ) на Вооружените сили (ВС) на Австрија генерал Отмар Коменда.
Генералот Коменда заедно со својот домаќин, началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски, за време на првиот ден од посетата, ќе остварат средба со министерката за одбрана Радмила Шекеринска, на која ќе присуствува и амбасадорот на Австрија во Македонија Ренате Коблер. Во попладневните часови генералите ќе ја обиколат македонско-грчката граница во реонот на караулата „Богородица“.
Во рамки на вториот ден од посетата утре ќе следат официјалните разговори помеѓу делегацијата на ГШ на ВС на Австрија и ГШ на АРМ ќе се реализираат во вториот ден на престојот во државава, на кои ќе стане збор за процесот на трансформација и структурата на АРМ, нејзиниот придонес во меѓународните мировни мисии и улогата во справување со мигрантската криза и унапредување на билатералната армиска соработка во полето на силите за специјални операции.
Ново на Сител
-
Приведени две лица во Чашка за поткуп при избори
-
Приведени две лица поради основи на сомнение за поткуп при избори во Чашка
-
САД со визни рестрикции за раководители на бродски компании од Колумбија кои превезуваат нелегални мигранти
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи