На Шешељ му е гајле за обвинението: Не го гледав преносот од Хаг, спиев!
Хашкиот трибунал за воени злосторства во поранешна Југославија денеска одржа рочиште по жалбата на Обвинителството, кое ја спори ослободителната пресуда за лидерот на Српската радикална партија (СРС), Војислав Шешељ.
Шешељ одбива да учествува во натамошниот тек на судењето, откако беше пуштен на слобода во Србија поради здравствени причини во 2014 година, па беше застапуван од службено именуван адвокат.
Трибуналот не е врзан со временски рок во кој треба да донесе одлука по жалбата на Обвинителството.
Шешељ за рочиштето изјави дека нема што да додаде на таа тема и дека одмана завршил со тоа.
- Воопшто нема да одговорам на тоа. Јас денеска не го гледав рочиштето, во тоа време јас спијам, јас со тоа завршив, изјавил лидерот на радикалите.
Во 2015 година Трибуналот го ослободи Шешељ од обвиненијата дека поттикнувал омраза и насилство кон Хрватите и Бошњаците за време на конфликтот во поранешна Југославија на почетокот на 90-те години на минатиот век и дека е одговорен за убиства, мачење и сурово постапување со заробеници и за депортирање на цивили.
Шешељ доброволно му се предаде на Трибуналот во 2003 година.
По пуштањето во Србија најави дека нема да се врати во Хаг, дури и да биде прогласен за виновен
Ново на Сител
-
Телефонски разговор Ципрас-Заев: Ја истакнале важноста на почитувањето на Договорот од Преспа
-
Жената носи живот | Мери Амбросова | Личен развој | Sitel Podcast 036
-
„Паркови и зеленило“: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на владиниот објект
-
„Европскиот фронт“ обвинува за обид преку ДИК да му бидат одземени еден до два пратенички мандати
-
ДИК прифати приговор на коалицијата „Влен“ за избирачкото место во Желино
-
Претепан вработен во казино од три лица на кои им бил забранет влезот
-
На сила го внел во возило и му украл накит и 2.500 евра - Кривична пријава за 40 годишник од Скопје
-
Тепачка во ресторан во Драчево