На Бочели не му треба диригент, ама со оркестарот диригираше робот
Робот во човечки облик по име Ју Ми синоќа диригираше со филхармонискиот оркестар на концертот на италијанскиот тенор Андреа Бочели во театарот „Верди“ во Пиза, покажувајќи исклучителна „мекост“ на движењата.
Тоа беше прво појавување на овој робот со две раце, дизајниран од швајцарската компанија АББ, по повод Првиот меѓународен фестивал на роботика во овој град во Тоскана.
Роботот диригираше со оркестарот при изведување 18 музички дела, вклучувајќи ја и познатата арија „Ла дона е мобиле“ од операта „Риголето“ на Верди, а кога ја подигна диригентската палка не покажуваше ниту најмал знак на нервоза.
- Ју Ми покажа високо ниво на флуидност во движењата, како и неверојатно изнијансирани изрази, изјави за весникот „Ил Фато квотидијано“, Андреа Коломбани, редовен диригент на оркестарот „Лука“, кој синоќа настапи во Пиза.
Ново на Сител
-
Преглед на вести од светот
-
Аудиција за Ѕвездите на Гранд
-
Преглед на вестите од светот
-
Нов обид да се избере претседател на Уставниот суд
-
Дали ќе се продолжи дневната евтина тарифа на струјата за уште еден час?
-
Храната станува луксуз, Mакедонија се повеќе е увозно зависна
-
Teма на денот со Татјана Димитровска, претседателка на ДКСК
-
Лидерите на Европскиот Фронт потпишаа декларација против „моноетничко владеење“