На барање на жителите на Жировница, се решава проблемот со горевно дрво и тв сигнал
Јакнење на капацитетите на Македонски шуми, преку соработка на претпријатието со Владата. Недостатокот на дрва за огрев и огромната побарувачка што произлегува од ниските и достапни цени ќе се решава со низа мерки кои беа донесени на последната владина седница. Целта на Владата е сите баратели да добијат огревни дрва пред почетокот на грејната сезона.
Ова прашање се реши на вчерашната владина седница а беше поставено од граѓаните кои ги посети премиерот Груевски, а од него побараа полесен пристап до дрвата на Македонски шуми. Второ прашање кое беше затворено на седницата на Влада беше и проблемот на жителите од Жировница кои не го добивале радиодифузниот сигнал.
Проблемот со приемот на радиодифузниот сигнал во Жировница, ќе се реши на тој начин што мобилни екипи на МРТВ, Радиодифузија, АЕК, ќе направат теренска контрола во жировничкиот регион.
Владата на последната седница заклучила и доколку е возможно да се провери и можноста освен МРТВ во Жировница но и поширокиот регион да зрачат со сигнал и останатите национални телевизии.