На Американците ќе им биде забрането да патуваат во Северна Кореја
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ќе им забрани на американски државјани да патуваат во Северна Кореја. Одлката е донесена по смртта на студентот Ото Вормбир кој почина откако падна во кома во севернокорејски затвор, изјавија американски официјални лица.
Тие тврдат дека државниот секретар Рекс Тилерсон е одлучен да го примени „географското ограничување за патувања“ во Северна Кореја што значи дека влез во таа држава со американски пасош би бил илегален.
Според нив, ограничувањето ќе стапи на сила 30 дена по објавување во Службен весник на САД, но не е прецизирано кога тоа ќе се случи. Официјалните лица зборуваа анонимно бидејќи немаат дозвола да зборуваат за одлуката пред нејзино објавување, наведуваат американски медиуми.
Ново на Сител
-
ОЈО ги повлече основните две од трите обвиненија протв Панделевски за случајот Империја
-
Големиот пожар на Кипар сè уште не е ставен под контрола
-
По 15 години балкански рис на Илинска-Плакенска планина | ФОТО
-
Во Скопје казнети 123 возачи, 13 биле без возачка дозвола
-
Поради топлотниот бран затворени училишта и градинки во Грција, но и Акропол
-
Средба на претседателката Сиљановска Давкова со германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер
-
Путин и Ердоган ќе се сретнат во Астана на почетокот на јули
-
Продолжува посетата на Сиљановска-Давкова на Берлин на Конференцијата за обнова на Украина