Живот
1. September 2016 - 11:08

На 10-годишно момче му се појавил чуден оток на ногата - Починало по две недели

Кит Пирс во 2014 година го прославил својот 10. роденден, а само 10 месеци потоа се случила голема трагедија. на ногата на детето се појавил голем оток, а лекарите не откриле на време дека се работи за каснување од најотовниот пајак во Северна Америка.
 
Малото момче од Монтана било енергично и симпатично и сакало да игра фудбал. Меѓутоа, една повреда го чинела живот.
 
Забележал дека ногата му отекува, а после неколку посети на лекар, почнале и болките.
 
На ногата му се појавил чуден црн круг каде што бил отокот. Мајката на момчето се обидела да им каже на лекарите дека тоа е можиби од касање на пајак, но тие го лекувале со погрешна терапија мислејќи дека се работи за рак.
Два дена подоцна се појавила и сепса, па лекарите морале да извршат итна операција. Кит никогаш повеќе не се разбудил.
Експертите за судска медицина утврдиле дека причина за смртта од тешка сепса е предизвикана од компликации од каснувања од кафеав пустински пајак.
- Кит почина 24 часа подоцна, еден месец и четири дена по 10. роденден - изјавила неговата мајка.