Бизнис
25. February 2017 - 16:29

МЖ Транспорт ќе продолжи протестот се до исплата на јануарската плата

Ако не ја добијат јануаркста плата, вработените од МЖ Транспорт не ја исклучуваат можноста од порадикални протести, со излегување на улиците. Велат  во прашање е донесено и нивнотот здравствено осигурување. Стојат на истиот став дека ќе почнат со работа кога на нивните сметки ќе бидат исплатени парите за јануари.

Раководството на МЖ Инфрастуктура исто како и од министерството за транспорт и Владата бараат од  вработените во Транспорт да почнат со работа. Велат блокадите на нивното претпријатие им долене големи штети. Не се испллнувата ниту обврските кон коминтентите кои прашање на време е кога ќе ги активираат казнените клаузули.

Пред неколку дена Владата донесе решение да ги зголеми парите кои  годишни и следуваат на железница и тоа за 70 милиони  денари . И од министерството за Транспорт обезбедени се 11 милиони евра за  одржување на инфраструктурата, но за да се добијат овие пари надлежните апелираат до вработените од Транспорт да почнат со работа и да приложат работни налози.

Железничкиот  сообраќај повеќе од една недела е блокиран. Вработените од Транспорт одат на работа, но седат во кругот на претпријатието.