Мукаетов на Самитот во Трст: Да се дестимулира одлевање на квалитетни кадри од регионот
На самитот во Трст присуствуваше и првиот човек на Алкалоид, Живко Мукаетов, кој на панел дискусијата ја нагласи важноста на поврзување на регионот од повеќе аспекти.
Пораката која Европската Унија ја испраќа е дека тие сметаат на нас, но од друга страна, ние треба да покажеме дека имаме капацитет да создаваме синергии и да одиме напред., истакна Мукаетов. Во поглед на мобилноста на работна сила, нагласи дека е потребно да се унифицира и поедностави системот по примерот на Скандинавските земји, со што би се дестимулирало одлевањето на квалитетни кадри од регионот.
За да се намали разликата меѓу понудата и побарувачката на некои струки, Мукаетов смета декла се потребни и промени во едукативниот систем, кои ќе продуцираат повеќе инженерски кадри, кои во моментов се дефицитарни, а би се намалил бројот на кадрите по оштествените науки, кои се суфицитарни.
За овие и слични теми Мукаетов ги покани присутните на Самитот 100 на бизнис лидери од Југоисточна Европа, кој ќе се одржува на 16 и 17 во октомври во Скопје.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
