Тенис
21. August 2017 - 9:35

Мугуруза ја спречи Халеп да биде број 1

Шпанската тенисерка Гарбине Мугуруза победи во финалето на женскиот турнир во Синсинати откако во финалето беше подобра од Симона Халеп (Романаија) и со тоа ја спречи противничката да се искачи на првата позиција на ВТА листата.
Мугуруза на убедлив начин со само еден загубен гем триумфираше во финалето (6:1 и 6:0).
 
За Мугуруза ова е втора титула во 2017 година (првата ја освои на Вимблдон), а вкупно петта во кариерата.
 
На првото место на ВТА листата остана Каролона Плишкова со 6.390 поени, само пет повеќе од Халеп која има 6.385. Трета е победничката на Синсинати Мугуруза со 5.860, која има скок од три места, додека на четвртото место остана Елина Свитолина (5.650 поени), а петта е Каролине Возниацки (5.350 поени).
 
Од македонските тенисерки Лина Ѓорческа остана на 211.место, додека Магдалена Стоилковска е на 1.202-та позиција.