Loading Video...
Свет
19. November 2017 - 16:41

Мугабе повеќе не е на чело на владејачката партија во Зимбабве

Роберт Мугабе повеќе не е на чело на владејачката партија во Зимбабве Зану, а првата дама Грејс е отстранета од партијта.  Покрај  овие одлуки, Централниот комитет на Зану одлучи  да  започне процес  и за отстранување на Мугабе  од функцијата шеф на државата.  

Партијата ќе ја води Емерсон Мнангагва, кого војската го постави за привремен претседател на државата. Во меѓувреме продолжуваат преговорите на војската со 93 годишниот Могабе за неговата оствака.

Од опозицијата порачаа дека ако тој до вторник не се повлече , парламентот ќе почне процес за негово отповикување. Улиците на престолнината и денеска се преплавени од  илјадници  луѓе кои со песна и танци, го очекуваат падот на Мугабе кој е на власт  речиси четири децениции.

На 15 ноемри армијата ја презеде контролата во Зимбабве во обид да спречи Грејс да застане на чело на таа африканска земја.