Свет
23. March 2017 - 14:51

Москва: Убиен е поранешен пратеник на руската Дума

Поранешниот пратеник на руската државна Дума Денис Вороненков денеска е убиен во центарот на Киев. 

Украинскиот претседател Петро Порошенко веднаш по убиството изјави дека станува збор за „руски државен тероризам“. 

Тој додаде дека Вороненко бил еден од главните сведоци за руската агресија во Украина, а особено за улогата на поранешниот украински претседател Виктор Јанукович во врска со испраќањето на руски трупи во Украина. 

На изјавата на Порошенко реагираше портпарлот на Кремљ Дмитриј Песков, наведувајќи дека обвиненијата се апсурдни. 

Претходно, полицијата на Украина соопшти дека денеска околу пладне е убиен поранешен руски пратеник пред хотел во Киев и дека неговиот телохранител е повреден при пукањето. 

Вороненков минатата година побегна во Украина со неговата сопруга и им помагаше на украинските власти да го изградат случајот за големото предавство на поранешниот украински претседател Виктор Јанкович.