Свет
1. October 2016 - 14:22

Москва: Американска агресија на Сирија ќе доведе до „тектонски промени“

Еветуална американска „дирекна агресија“ врз Сирија, насочена против сириската Влада и нејзините вооружени сили, ќе доведе до „ужасни тектонски промени“ на Блискиот Исток, изјави денеска портпаролката на руското Министертво за надворешни работи, Марија Захарова.

По пропаѓањето на примирјето кои беше проглесено врз основа на договорот меѓу Русија и САД, Москва и Вашингтон почнаа да се обвинуваар меѓусебно за поттикнување на конфликтот во земјата.  

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров вчера изјави дека Москва не исклучува можност САД да имале намера да користат терористи како дел од т.н. План-Б, во борбата против сирискиот претседател Башар Асад 

- Русија гледа дека САД од почетокот не сакаат да ги оддвојат терористите од Фронтот Ал Нусра од умерената опозиција, изјави Лавров во интервју за Би-Би-Си.

На ова САД возвратија дека Русија се уште не ги презела неопходните чекори за прекин на насилството во Алепо, кои Вашингтон ги очекува од неа.

- Ние не ги замрзнавме дипломатските односи со Русија во врска со парашањето за Сирија, но сме близу до таква одлука, бидејќи засега не гледаме дека руската страна ги презема активностие кои ние ги побаравме, изјави портпаролот на Стејт департментот, Марк Тонер.

Вашингтон уште ја обвини Русија и дека со интензивирањето на нејзините воени операции во Сирија ги тера „умерените исламисти во рацете на милитантните екстремисти“.