МОН: Екстерното тестирање на матурантите почна и се одвива непречено
Процесот на екстерно тестирање на учениците од завршните години во средното образование почна денеска и се одвива непречено, а во дел од училиштата е и целосно завршен, соопштија денеска Министерството за образование и наука и Државниот испитен центар.
- Започнат е процесот на екстерната проверка на постигањата на знаењата на учениците од завршните години во средното образование, кој ќе трае заклучно со 29 јануари. Според информациите од кол центрите, ангажираните тестатори и набљудувачи, во овој момент процесот се одвива непречено, а во дел од училиштата е и целосно завршен, се вели во соопштението.
Во него се додава дека во оваа фаза процесот на екстерна проверка на постигањата на знаењата на учениците ќе опфати вкупно 19.931 ученици од завршните години во средното образование кои ќе бидат тестирани по 1.662 предмети за кои беа генерирани и јавно достапни 85.000 прашања.
Ново на Сител
-
Учениците од утре на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај
-
Изборната кампања за двојните избори влегува во втората половина
-
Денеска е Цветници
-
Демократскиот сојуз ќе го одржи седмиот Конгрес
-
Во центарот на Куманово ќе биде откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Најмалку пет лица загинаа во торнадо во јужна Кина
-
Зеленски: На Украина и требаат најмалку седум ПВО системи „Патриот“
-
Сончево и релативно топло