ММФ: Бугарија прва во ЕУ според сивата економија

Речиси 30 проценти изнесува сивата економија во Бугарија, покажува истражување на ММФ, според кое, официјална Софија е прва во ЕУ според овој показател.
Во истражувањето на ММФ со кое се опфатени 158 држави во светот, се наведува дека во Бугарија во 2017 година на сивата економија отпаѓале 29,6 отсто. По Бугарија се Турција со 27,2 отсто и Романија со 26,3 проценти.
Просечното ниво на сивиот сектор во Бугарија за периодот 1991-2015 година изнесувало 29,17 отсто. Романија, за тој десетгодишен период во просек сивата економија изнесувала 30,14 отсто, а на Малта 29,8 проценти. Надвор од ЕУ, слични вредности за сивата економија има и во Турција - 31,38 проценти и Брунеи - 29,76 отсто.
Најдобро рангирана европска држава во 2017 година е Швајцарија, каде на сивата економија отпаѓа едвај шест отсто, а потоа следуваат Австрија со 7,1 процент и Луксембург со 8,2 отсто. По нив е Холандија со 8,4 отсто неформална економија. Грција, чија економија во последната декада се соочува со сериозни предизвици, минатата година имала 21,5 проценти сива економија.
Трите држави во светот каде е најзастапен неформалниот сектор, што подразбира вршење на економски активности кои се легални, но не се регистрирани и не се пријавени за даночни цели од страна на поединци, неформални групи или организации,.се Зимбабве со 60,6 отсто, Боливија со 62,3 проценти и Грузија со 64,9 отсто.
Автори на истражувањето се Леандро Медина од африканскиот оддел на ММФ и Фридрих Шнајдер од Универзитетот Кеплер во Линц. Тоа е објавено во серијата истражувања на ММФ „Wоrking Papers“.
Ново на Сител
-

Велешанец се степал со 79-годишен дедо во угостителски објект во скопски Карпош
-

Скопјанка пријавена за закани кон поранешната шефица, оштетила врата од фирма и истурила запалива течност
-

Истите двајца за пет дена три пати нападнале малолетници во Штип, еден од нападите го снимале со телефон
-

Потрошувачката кошница над 58.000 денари, синдикатите против скратување на празниците
-

Утре дожд и силен ветер, нови врнежи се најавуваат и за викендот
-

18-годишниот Огнен кој пронајде и врати 4.000 евра доби плакета од градоначалникот на Делчево
-

Од четврток личната карта и возачката дозвола на мобилен
-

Бензинот поевтинува, дизелот останува ист - нови цени на горивата од полноќ
