Македонија
20. January 2016 - 19:23

Младите остануваат во фокусот на владеачката партија

Четири значајни проекти за младите со кои ќе се подобри нивниот животен стандар, се реализирани изминатите месец и половина. Лидерот на владејачката партија, Никола Груевски за време на денешното обраќање пред членовите на Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ, посочи дека неговата партија акцентот секогаш го става на младите и на нивната иднина.

Од почетокот на годинава почнаа да се реализираaт уште две други корисни мерки за младите, кои беа најавени на почетокот на декември минатата година.

За студентите на најдобро рангираните универзитети кои имаат просек повисок од 9,5 и се пред дипломирање, владата обезбедува бесплатно патување во една од атрактивните дестинации- Париз, Венеција и Барселона. Сите трошоци се покриени од страна на државата.