Митревски: Управниот суд ја потврди легитимноста на раководството на ССМ
Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Живко Митревски денеска соопшти дека Управниот суд донел одлука со која се потврдува неговиот избор за претседател на синдикатот.
На прес-конференција Митревски истакна дека одлуката ја потврдува легитимноста на раководството на ССМ и дека претходниот министер за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими постапил правилно кога го поништил решението на техничката министерка Фросина Ременски.
- Со одлуката се потврдува дека бил направен обид за фалсификување на документи и направени се низа повреди во постапката која ја воделе т.н. лидери на синдикати и в.д претседател, рече Митревски.
Тој побара почитување на одлуката на Управниот суд, а од претседателите на СИЕР, УПОЗ и в.д претседателот на ССМ Дарко Димовски да си поднесат неотповиклива оставка поради, како што рече, направен фалсификат и злоупотреба на членството.
Подолг временски период меѓу Митревски и Димовски се водеше спор околу тоа кој е легитимен претседател на ССМ..
Ново на Сител
-
Велигденска хуманитарна акција во Струмица
-
Бројот на пловила се зголемува, но нема марина
-
Преглед на вестите од светот
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува