Министерство за одбрана: Во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец има мазут
Вчерашниот прекин на снабдувањето на топлинска енергија во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец е поради дефект на системот за затоплување, а не поради недостиг на мазут, се истакнува во денешната реакција на Министерството за одбрана на информациите објавени во текот на вчерашниот ден.
- Министерството за одбрана негира дека нема доволно количество мазут за затоплување на касарната. Воедно информираме дека дефектот е отстранет истиот ден и дека е продолжено затоплувањето на објектите во касарната, стои во соопштението.
Од Министерството информираат дека имајќи ги предвид екстремно ниските температури кои ја зафатија Република Македонија ги отпочнале постапките за набавка на дополнителни количини мазут, сè со цел затоплувањето на објектите на Армијата на Република Македонија да се одвива континуирано и непрекинато.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости
-
Мицкоски и Меџити го обвинуваат ДУИ за притисоци кон гласачи, Џафери на партиски настан во владиниот мерцедес
-
Парламентарни избори 2024
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ