Министерот Фазлиу се сретна со францускиот амбасадор Тимоние
Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу денеска се сретна со францускиот амбасадор во Македонија Кристијан Тимоние.
На средбата, како што соопшти Министерството за локална самоуправа, Фазлиу ги афирмирал приоритетите на Владата во областа на локалната самоуправа и регионалниот развој и изразил подготвеност за нови форми на соработка.
Амбасадорот Тимоние истакнал дека Република Франција е подготвена да ја поддржи Република Македонија во остварувањето на реформските цели за членство во НАТО и во Европската унија.
Двајцата соговорници разговарале за конкретна соработка меѓу општини од двете држави, како и за размена на искуства за поттикнување на регионалниот развој.
На средбата, како што се наведува, како позитивно било издвоено искуството од соработката со Нормандија преку која шест општини од Република Македонија оствариле соработка со општини од Франција.
Ново на Сител
-
123 санкционирани возачи во Скопје
-
САД: Можни се терористички напади врз претставници на ЛГБТ заедницата ширум светот
-
Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев
-
Сончево и топло, попладне локално дожд и грмежи
-
Состојба на патишта
-
Дачиќ: Човечки фактор е причина за сударот на возовите, најважно е дека нема загинати
-
Нетанјаху: Ќе ги донесеме сите заложници дома, живи или мртви
-
Девет повредени при судар на патнички и товарен воз во тунелот Вуков споменик-Панчевачки мост