Министерот Адеми се сретна со претседателката на Асоцијацијата на Македонците во Британија
Министерот во Владата на Република Македонија, задолжен за дијаспората Едмонд Адеми, денеска имаше работна средба со претседателката на Асоцијацијата на Македонците во Велика Британија (AMUK), Бона Петроска.
На средбата, како што соопшти неговиот кабинет, министерот Адеми ја запозна Петроска со активностите и плановите за работа во период што следува и ја нагласи важноста на соработката со дијаспората како нераскинлив дел од Република Македонија.
Претседателката на Асоцијацијата на Македонците во Велика Британија (AMUK), изрази задоволство што новата реформска Влада на Република Македонија дава важност на дијаспората со именување министер во Владата задолжен за односите со дијаспората.
На средбата беа разменети идеи и размислувања за идните чекори на соработка помеѓу кабинетот на министерот задолжен за дијаспората и Асоцијацијата на Македонците во Велика Британија, соопшти кабинетот на Адеми.
Ново на Сител
-
Да не беше Киан ќе се изгубев себеси | Антониа Гиговска | ПРОфесија | Sitel Podcast 037
-
Грчките медиуми за изјавата на Мицкоски: Нова провокација од Северна Македонија
-
Зеленски: На Украина и се потребни системи „Патриот“ за заштитата на Харков
-
Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024
-
Град Скопје: Дезинсекцијата во Скопје се реализира согласно можноста и временските услови
-
Коалицијата „Вреди“ ја повлече тужбата по одлуката на ДИК за ИМ 0511
-
Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија
-
Словачка не воведува вонредна состојба поради атентатот врз премиерот