Минхенската конференција за безбедност ќе расправа за глобалните предизвици
Во Минхен денеска почнува безбедносната конференција која до недела ќе ги собере главните актери во меѓународната безбедност, во време на неизвесната иднина на трансатлантските односи и кризата на глобалниот либерален поредок по стапување на должноста на новиот американски претседател Доналд Трамп.
На 53. конференција за безбедност повеќе од 500 политичари и деловни луѓе ќе разговараат за актуаелните безбедносни предизвици, вклучувајќи ги и загрижувачката состојба во глобалниот поредок и засилувањето на нелибералните трендови ширум светот.
Германската канцеларка Ангела Меркел, американскиот потпретседател Мајк Пенс, министерот за одбрана Џејмс Метис, генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, како и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ја предводат листата на повеќе од 30 официјални претставници, осумдесетина министри на надворешни работи и одбрана, кои за време на викендот ќе се соберат во хотелот „Бајеришер Хоф“, во центарот на баварската престолнина, пренесува Хина.
Конференцијата, која од 1963 година служи како независен форум за промовирање на мирните решенија на судирите, меѓународната соработка и дијалог, ќе се занимава со иднината на НАТО и трансатланските односи по победата на Трамп на изборите во САД, европската безбедносна и одбранбена стратегија, кризата во Украина и односите со Русија, војната во Сирија и состојбата со безбедноста во азиско-пацифичкиот регион.
-Соочени сме со меѓународна безбедносна ситуација која не била поранлива уште од Втората светска војна, изјави претседателот на Конференцијата, Волфганг Ишингер.
Конференцијата за безбедност во Минхен ќе биде првата можност на претставниците на новата американска администрација да се обратат на меѓународен форум и да ги изнесат своите надворешнополитички и одбранбени стратегии.
Во својата предизборна кампања Трам го нарече НАТО „застарена организација“ и повеќе пати го фалеше рускиот претседател Владимир Путин, предизвикувајќи загриженост кај европските сојузници, посебно кај оние од истокот на Европа.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ демантира дека разговара за ресори и поделба на власта со „Вреди“
-
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија
-
Србија испраќа хуманитарна помош за Газа
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа