Мило Ѓукановиќ ќе се бори за нов претседателски мандат
Лидерот на Демократската партија на социјалистите во Црна Гора (ДПС), Мило Ѓукановиќ ќе биде кандидат на партијата на претседателските избори во Црна Гора, закажани за 15 април.
Главниот одбор на ДПС синоќа едногласно одлучи да го кандидира Ѓукановиќ на изборите.
- Таа одлука е резултат на мојата одговорност кон наследството, кон потребите за идниот развој на Црна Гора, нејзината демократизација и неопходноста од натамошно усвојување на западните вредности во црногорското општество, оцени поранешниот претседател и премиер на Црна Гора.
Иако одлуката за својот претседателски кандидат ДПС ја донесе на само 27 дена пред изборите, Ѓукановиќ не смета дека партијата задоцнила.
- Мојата лична ориентација е поинаква. Но јас имам толкава одговорност пред партијата, што во некој момент може да се појават определени причини за да учествувам на изборите, изјави Ѓукановиќ неодамна.
Актуелниот претседател на ДПС отслужи три последователни мандати како премиер од 1991 до 1998 година, а беше и претседател од 1998 до 2002 година и повторно премиер во 2003 до 2008 година. Иако при крајот на 2006. тој одлучи да се повлече, во февруари 2008 година. се врати на функција како премиер. Неговата коалиција победи на изборите во 2009 година, обезбедувајќи му го шестиот премиерски мандат. Ѓукановиќ се повлече од функција премиер во декември 2010 година.
Државната изборна комисија досега ги потврди кандидатурите на лидерот на бошњачката Партија на правдата и помирувањето, Хазбие Калач, на претприемачот Василие Миличковиќ и на лидерот на просрпската партија Вистинска Црна Гора, Марко Милачиќ. Како најсериозен ривал на Ѓукановиќ важи Младен Бојаниќ, кој ја има поддршката на поголемиот дел од опозицијата.
Рокот за поднесување кандидатури за учество на претседателските избори е 26 март.
Ново на Сител
-
НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата
-
17-годишно момче исчезна од установа за згрижување деца во Карпош
-
OpenAI ja претстави најновата верзија на својот чатбот – ChatGPT-4o
-
Две лица се здобиле со тешки телесни повреди при извршување работни задачи
-
Двојно убиство попладнево во скопско Стајковци
-
Анкета на ИРИ: 68% од Македонците поддржуваат членство во ЕУ
-
„Епл“ ги претстави новите „Ајпад про“ таблети
-
„Опен-АИ“ со новости околу „Чет-ГПТ“