Македонија
15. March 2016 - 20:45

Мигрантите се вратија на грчка територија, мирно во селото Моин

Дел од мигрантите кои вчера попладне илегално ја поминаа македонско-грчката граница кај гевгелиското село Моин, почнале сами да се враќаат назад на грчка територија откако сфатиле дека не можат да продолжат понатаму, а поголемиот дел од нив се уште се наоѓаат во близина на селото каде беа пресретнати и задржани од нашите армиски и полициски сили.