Македонија
10. April 2016 - 16:03

Мигранти ја нападнаа полицијата, тројца полицајци повредени, грчки НВО иницираат илегален премин на границата

Тројца македонски полицајци се повредени во денешните судири со мигрантите кои се обидоа да ја поминат грчко-македонската граница.

Со камења и други тврди предмети бегалците удрија по војската и полицијата која не им дозволи да ја минат границата.

Тензиите почнале откако три организирани групи се обиделе нелегално да влезат на македонска територија кај селото Моин во близина на каменот 59, но откако биле пресретнати од полицијата започнале со физички напади.

Токму брзата интервенција на македонските безбедносни сили поддржани од грчката полиција се покажала како продуктивна во спречување на намерата на бегалците кои повторно биле вратени во кампот Идомени.

Неофицијални информации говорат дека невладини организации од Грција им помагаат на бегалците и им даваат насоки како и на кои места може да ја поминат границата и да влезат на македонска територија. Последен доказ за тоа се и летоците залепени во близина на бегалскиот камп Идомени.