Македонија
13. March 2018 - 16:40

Мичел: САД ги поддржуваат Македонија и Грција да најдат заедничко решение

Американската дипломатија била и ќе биде вклучена директно во решавање на спорот меѓу Макеоднија и Грција за уставното име, согласно интересите на САД. Сепак, единственото решение на проблемот е она што ќе биде заеднички договорено и прфатено од двете страни. Македонија останува да биде значаен партнер на САД. Ова е главната порака која на македонскиот премиер Зоран За ев му ја пренесе помошникот државен секретар на САД за европски прашања Вес Мичел, кој е во прва официјална посета на регионот.

-  САД се ангажирани и ќе продлжат да бидат ангажирани и јас сум вклучен...тајмингот и природата на нашата улога ќе зависат од нашите стратешки интереси. Сепак, единственотот решение е она што заеднички ке го договорат и прифатат двете страни. Сакаме да видиме решение, но ова не е наша одлука., вели Мичел

Сепак, наследникот на Нуланд не сакаше да коментира каков е ставот на Соединетите држави за барањето на Грција за менување на македонскиот устав.

На помош од САД во спорот сдо Грција се надева и Заев.

- Кога едно прашање е мачно, чувствително и тежи нормално е: повикај пријател. Секој пријател кој ќе и помогне на Макеоднија, а особено во спорот е добредојден. помош очекуваме и од Грција, бидејќи и тие с енаш пријател, но и од нашиот стратешки партнер. Дај Боже нашите партнери да се вклучат, но по принципот да се охрабрат двете страни, изјави  Заев 

Заев ја коментираше и Спогодбата која ја подготвува Грција за надминување на спорот, а која навлага во идентитеските прашања и промена на Уставот, велејќи дека секој документ независно дали доаѓа од Нимиц или од некоја од страните, а кој може помогне ќе биде разгледан. Сепак, премиерот вели дека на крај се ќе заврши во Обединетите нации и со носење на резулуција во Советот за бебездност.

И Мичел и Заев се надеваат на интеграција на Македонија во НАТО на следниот самит на Алијансата во јули.

На средбата со помошникот државен секретар осовен Заев, присуствуваа и вицепремиерката Радмила Шеќеринска и министерот за надворешни работи Никола Димитров. Неофицијално средбата била од информативен карактер.

Мичел, пред Скопје ја посети Приштина, а од тука заминува за Атина, Белград и Никозија.