Меркел го поддржува засилувањето на НАТО на руските граници

Германската канцеларка Ангела Меркел во својот говор пред Бундестагот за обвини Русија за вознемирување на НАТО сојузниците со своите акции во Украина. Пред германските пратеници во федералниот парламент Меркел во односите со Русија предлага два принципи, на одвраќање и на дијалог, јавува дописникот на МИА од Берлин.
Според неа, НАТО треба да покаже силно воено присуство на своето источно крило затоа што Москва ја загубила довербата од западот и предизвикала вознемирување во НАТО со кршењето на законите и менување на меѓународнто признатите граници. Во исто време Меркел потенцира дека „безбедноста во Европа може да биде постигната заедно со Русија а не преку конфликт со Москва“.
Во говорот што се случува пред самитот на НАТО во Варшава каде ќе се разговара за засилување на капацитетите во Источна Европа на границата со Русија, Меркел бара поголема солидарност меѓу членките на алијансата.
Во своето обраќање Меркел им се заблагодари на САД за преземањето на товарот на мисиите на НАТО низ светот и го поздрави проширувањето на алијансата без притоа да спомене конкретна земја кандидат.
Меѓу другите предизвици за НАТО за кои говореше германската канцеларка беа споменати и „Исламската држава“, иранските балистички капацитети, бегалската криза и проблемите во Ирак.
Пред десетина дена шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнмаер, кој е член на Социјал Демократската партија, сосема спротивно на денешните пораки на својата шефица која ја предводи ЦДУ го обвини НАТО за провоцирање на конфликт со испраќање на војници и воена техника на границата со Русија.
Ново на Сител
-

Лажен доктор измамил 77-годишен виничанец за сума од над 430.000 денари
-

МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
-

Финците повторно се најсреќна нација во светот
-

Вучиќ во видео порака на Инстаграм: Не успеавте лани да ме соборите од власт, јас не сум Слободан Милошевиќ
-

Државниот врв на традиционален прием кај поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан
-

Протести ширум САД во знак на солидарност со жртвата на инцидентот во Минеаполис
-

Трамп: Мачадо следната недела ќе дојде во Вашингтон
-

Славески: Инфлацијата ќе се движи по патека на надолно приспособување и ќе има натамошен економски раст со солидно закрепнување
