Македонија
13. January 2024 - 12:14

Мерка притвор за едно од лицата кое упадна во М-НАВ

За едно од лицата кое упадна во М-НАВ, а кое вчера беше лишено од слобода на граничен премин, Основниот кривичен суд Скопје определи мерка куќен притвор.

Лицето е осомничено за кривично дело - Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај кое повеќе дена беше недостапно на органите на прогонот.

Основното јавно обвинителство Скопје ќе вложи жалба на ваквата одлука.