„Мерцедес“ ќе обучува имигранти за работа во нивните фабрики
Германската компанија „Мерцедес“ ќе организира обука за работа на имигрантите кои пристигнуваат во Германија во нејзинете фабрики во земјата.
Првите 40 ими гранти кои ќе покажат најдобри резултати на обуката ќе добијат можност веднаш да бидат вработени во некоја од фабриките на „Мерцедес“, јавуваат денеска германските медиуми, наведувајќи дека во првиот круг со обуката ќе бидат опфатени неколку стотици имигранти,
Првите курсисти, бегалци и азиланти од Авганистан, Еритреја, Замбија, Нигерија и Сирија, се на возраст меѓу 20 и 51 година и ќе минат 14-неделна обука за работат во погоните на „Мерцедес“ и за изучување на германскиот јазик.
Целиот проект го финансирааат германскиот Завод за вработување и „Мерцедес“.
Обуката на бегалците ќе почнува секој ден во шест часот наутро, при што првите три и пол часа тие ќе имаат практична настава во погоните на „Мерцедес“ во Штутгард, а потоа во мали групи, од по десетмина, ќе учат германски јазик.
- Приситгнувањето на овие луѓе ние го гледаме како шанса. Во согласност со тоа сметаме дека интеграцијата на бегалците мора да успее. Ние го даваме својот придонес кон оваа политичка и социјална задача. Со оваа обука би им го отвориле патот на луѓето за работа на германскиот пазар, изјави директорот за персонални прашања во „Мерцедес“, Вилфрид Порт.
Ново на Сител
-
Во штипскиот Основен суд почнува судењето за убиството на Емилија Пешева
-
Членовите на Судски совет можат да одговорат на интерпелациите, седница најверојатно на почетокот на март
-
Макрон за изјавата на Трамп дека ќе воведе царини: ЕУ е сојузник, а не проблем на Америка
-
Трамп потврди дека сака САД да ја купат Газа
-
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози
-
Продолжува периодот на студени утра, сончево преку ден
-
Излезни анкети од изборите во Косово: ВВ на Курти 38,2%, ПДК на Красниќи 22,4%, ЛДК на Абдиџику 20,1%, ААК на Харадинај 7,6%
-
Трамп очекува Маск да открие злопупотреби во Пентагон вредни милијарди долари