Свет
21. November 2017 - 20:33

Меј: Оставката на Мугабе дава можност Зимбабве да тргне по нов пат

Британската премиерка Тереза Меј денеска изјави дека оставката на претседателот Роберт Мугабе дава можност Зимбабве да тргне по нов пат, „ослободен од угнетувањето што го карактеризираше неговото владеење“.

- Последните денови ја гледаме желбата на народот на Зимбабве за слободни и чесни избори и за можност да биде обновена економијата на земјата преку една легитимна влада, изјави Меј.

Таа додаде дека Велика Британија, како „најстар пријател на Зимбабве“, ќе направи се што е можно за да ја поддржи таа јужноафриканска земја.

Зимбабве е поранешна британска колонија. Земјата доби независност во 1980 година. Од тогаш до денес беше управувана од претседателот Мугабе.