Меј: Британија ќе игра нова, позитивна улога надвор од ЕУ
Новиот британски премиер Тереза Меј вети денеска дека ќе ја води земјата во истиот дух како својот претходник Дејвид Камерон.
- Велика Британија ќе игра нова улога, храбра и позитивна, надвор од ЕУ, нагласи Меј во својата прва јавна изјава по именувањето на премиерската функција од страна на кралицата Елизабета Втора, која и додели мандат за состав на нова влада.
Таа истакна дека „по референдумот Британците се наоѓаат пред период на голема национална промена“.
- Велика Британија е пред голем предизвик. Кога ќе ја напуштиме ЕУ ќе извојуваме нова, храбра и позитивна улога и ќе ја направиме Британија зема која ќе работи за секој од нас, а не за малкуте привилегирани, вети Меј.
Британската премиерка нагласи и дека ќе го зачува единствето на земјата.
Тереза Меј е прва жена премиер на Британија по Маргарет Тачер.
Ново на Сител
-
Владата утре ќе се задолжи со 39 милиони евра на домашниот пазар
-
Агенцијата на ОН за помош на Палестинците УНРВА одби да се евакуира од Рафа
-
Тешко повреден 74 годишен велосипедист во сообраќајна несреќа во Охрид
-
Значаен пад на цените на нафтата минатата недела
-
Триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци, прва жртва при распадот на Југославија
-
Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради Денот на полицијата
-
Еден потешко повреден во експлозија во зграда во Турција
-
Галески: Сигурно е само дека Македонија ќе биде повторно твоја