Македонија
21. September 2016 - 16:19

Меѓу професорите нема дилема - Катица Јанева нема капацитет за работата што ја работи

Не стивнуваат реакциите на јавноста по скандалозното интервју на Катица Јанева.

Меѓу професорите нема дилема. Јанева нема капацитет за работата што ја работи.

„Интервјуто беше скандалозно за секој и просечно интелигентен човек, но високо професионално стокмено од екипата на МТВ - секогаш кога Кејти зборува, одат снимки на згради, ѕидови, луѓе во движење и што ли уште не - ама не и на најважната личност на изминатата година, бидејќи таа кутрата ЧИТА! ЧИТА за работи кои и среде ноќ да ја разбудат мора да „пее“, да ги знае наизуст! На крајот ќе бидам и помалку груба, ама секој професор низ годините развива способност веќе по првата минута-две од усмениот испит да оцени не само дали студентот научил или не, туку и колкави му се интелектуалните способности. Мојот став за оваа жена е ист како и пред една година: и тогаш и сега оценувам дека таа има интелектуална, ама и професионална инсуфициенција!“ – смета професорката Билјана Ванковска.

Дел од професорите на правниот факултет бараат Јанева да си замине од функцијата

„Нема друг лек за незнаењето на Јанева освен самата да се повлече од функцијата. Тоа би било најчесно и пред себе, и пред граѓаните што ја плаќаат за да ја врши својата функција одговорно, професионално, и со знаење. Можната алтернатива на нејзината оставка, ако таа е сепак незаменлива, и според менторот што ја поставил единствено кадарна да игра по неговите ноти и да чита негови одговори,е да седне, да си го загрее столот.

Незнаењето на Јанева нема ама баш никаква врска со нејзиното (не)искуство пред камери, со нејзината трема, и со слични тралала муабети за мали деца“ – вели универзитетската професорка Тања Каракамишева

За експертите од медиумскиот бизнис, голем дел од вината е кај партискиот одговорен уредник на информативната програма на јавниот сервис

Со реакција денеска се јавија и дел од политичките партии

Катица Јанева во своето интервју се пожали на закани и притисоци, но до овој момент, во Министерството за внатрешни работи не е пријавено ништо.