Македонија
8. February 2016 - 16:26

Меѓу Македонија и Косово ќе се патува и со лични карти

Граѓаните на Македонија и на Косово наскоро ќе можат да ја поминуваат државната граница со биометриски лични карти за краток престој во соседната држава. Ова е договорено на денешната средба во Приштина меѓу министерите за надворешни работи на двете земји Никола Попоски и Хашим Тачи. Воедно беше потпишан потпишан протокол за отворање на новиот граничен премин за меѓународен патен сообраќај Белановце-Станчиќ.

,,На средбата водевме отворени пријателски разговори за повеќе теми кои се значајни за нашите граѓани во делот на економијата, образованието, науката, културата, безбедноста и инфраструктурата. Наш стратешки интерес е да имаме стабилен и просперитетен сосед во Република Косово и токму во таа насока ги потпишавме и двата денешни договора - Билатералната спогодба за условите за патување на државјаните на двете земји и Протоколот за начинот на изградба и за отворање на новиот заеднички граничен премин‘‘, рече Попоски.

На средбата е раговарано Тој нагласи дека на средбата станало збор и за реализација на заедничките инфраструктурни проекти и за можноста за тоа да се добијат средства од Европската унија и меѓународните финансиски институции.

Вицепремиерот Тачи оцени дека Косово и Македонија имаат одлични односи и додаде дека Македонија е значаен стратешки, политички, економски, дипломатски и безбедносен партнер на Косово.

,,Денеска е нов момент за нашите народи. Потпишавме важни договори за граѓаните на Косово и Македонија. Ќе работиме на брза имплементација на двата договора‘‘, речеТачи.

Интерес на Косово и на целиот регион е Македонија што поскоро да стане дел од НАТО, а целиот регион да продолжи да се движи кон интеграција во ЕУ, рече Тачи.