Македонија
19. October 2015 - 17:28

Медиумите на Сорос и СДСМ измислуваат лаги - Груевски вчера не бил во Прилеп

СДСМ и соросовите медиуми измислија дека премиерот Никола Груевски бил во Прилеп на народен собир во црквата Свети Димитрија, а настанот потфрлил затоа што граѓаните го бојкотирале Груевски.

Премиерот Никола Груевски не само што вчера воопшто не бил  во посета на Прилеп, туку целиот ден го поминува работно во просториите на Владата. Од прес службата на ВМРО-ДПМНЕ информираат дека за овој настан бил задолжен министерот Ставрески. Според фотографиите настанот не само што не потфрлил туку може да се види како илјадници граѓани присуствуваат во дворот на црквата заедно со функционерите на владејачката партија.

Од ВМРО ДПМНЕ додаваат дека ваквите информации се само обичен обид за фабрикување и лажење од страна на СДСМ и ним верните медиуми. Дотолку повеќе што наводното фијаско е прикажано со фотографија од Груевски од месец јуни.

Ова е само еден од низата примери за лагите кога СДСМ и соросовите медиуми се фатени како лажат. Сличен пример беше и информацијата дека специјалната обвинителка Катица Јанева се сретнала со екс директорот на УБК Сашо Мијалков.

Подоцна, плусинфо напиша странците му пратиле порака на Мијалков да не и се приближува на Јанева. Оваа информација беше демантирана од Јанева која во интервју за “Призма“ изјави дека никогаш не го сретнала Мијалков и не и јасно од каде доаѓаат ваквите информации.