Медиуми: Македонија селективно пропушта бегалци и подига ограда на границата со Грција
Македонија и Србија почнаа селективно да пропуштаа бегалци. Како реципрочна мерка на одлуката за селективно затворање на границите во Словенија и во Хрватска, според српските и грчките медиуми српската и македонската граница можат да ги поминат само бегалците Сиријци, Авганистанци и Ирачани, но не и економските мигранти од другите земји, потврди српскиот министер за труд Александар Вулин.
,,Затоа применивме целосно реципрочни мерки спрема тие за кои во Хрватска и во Словенија сметаат дека нема место. Тако што и ние на границата со Македонија воспоставивме потполно ист режим и не им дозволуваме влез на лицата кои доаѓаат од земјите за кои и во Хрватска и во Словенија одлучија дека не можат да се надеваат на нивно гостопримство‘‘, изјави Вулин за РТС.
Грчките медиуми додаваат дека поради новите мерки расте напнатоста на границата со Македонија, па дури и тврдат дека имало конфликт помеѓу македонската полиција и иранските мигранти, кои заедно со останатите, главно економски мигранти од Африка не им се дозволува да влезат во Македонија.
Дополнително, според грчките медиуми македонската армија веќе подигнала и жичена ограда во должина од 1,5 километри, односно од железничкиот премин, па се до брегот на реката Вардар.
Веста ја поткрепуваат со фотографии на сведоци за кои тврдат дека се направени утрината на македонско-грчката граница.
Последните терористички напади ги принудија дури и Грција и Турција да соработуват во контрола на морската граница. Грчкиот Премиер Ципрас за време на посетата на Анкара прифати воспоставување механизам за соработка помеѓу крајбрежните стражи на двете земји со цел да се спречи нелегалната миграција.
-

Валентин Николоски
Сите содржини од овој новинар
