Македонија
24. March 2018 - 16:22

Матичните лекари се закануваат и со штрајк доколку не им бидат исполнети барањата

Матичните лекари не ја исклучуваат можноста за штрајк, ако не бидат исполнети нивните барања. Дали ова ќе се случи и какви чекори ќе превземат ќе одлучат идната недела на УО. Основни барања на Здружението на приватни лекари се пациентите да се водат на ординацијата,а не како досега на име на избраниот лекар и лиценцата за работа во мрежа да биде на ПЗУ. Во ЗПЛРМ се револтирани бидејќи тројцата последни министри за здравство им ветувале решение , но од тоа сеуште нема ништо.

- Елаборирани се нашите проблеми и во ФЗОМ и во МЗ, но никако да наидеме на некое решение кое што би ги решило и би направило задоволство кај нашата лекарска фела и ќе даде една сигурност, изјави д-р Лилија Чолакова Дервишова, претседател на ЗПЛРМ.

Од министерството за здравство одговорија дека бараат решение за проблемите на матичните лекари.

- Министерството за здравство е отворено за соработка и ги разгледуваме сите барања на матичните лекари. 

Во моментов се работи на изнаоѓање најоптимално решение. Навремено ќе бидете известени за истото, стои во писмениот одговор во МЗ.

Инаку во земјава има околу 1600 матични лекари. Од ЗПЛРМ алармираат дека е неопходно итно решавање на нивните проблеми бидејќи се повеќе доктори и сестри си заминуваат од државата и ќе нема кој да ги лекува пациентите во Македонија