Македонија
2. May 2017 - 21:44

Масовен одзив на вечерашниот протест на „За заедничка Македонија“

Од граѓанската иницијатива за заедничка Македонија подготвуваат граѓанска тужба за нефункционалност на државата. Ги повикаа сите добронамерни стручни лица, правници, филозофи, социолози да се приклучат во формирање тим кој ќе ја подготви тужбата со која ќе бараат правдата  пред меѓународниот суд. Граѓанската иницијатива повикуваат масовно сите граѓани да се приклучат на денешното продолжение на протестите.

Богдан илиевски - Граѓанска иницијатива за Заедничка Македонија ( На македонскиот народ му е во гените да биде борбен. Одлучно и храбро  со многу волја и после сите овие обиди за деморализирање на граѓаните, дека сме биле убијци во обид и слично, дополнително не охрабруваат.Апел до органите за јавен ред и мир и обвинителството да бидат внимателни да не приведуваат луѓе кои не сториле никакво кривично дело)))

Од иницијативата повикаа целиот македонск народ да застане во одбрана на државата зошто таа е загрозена.

Од граѓанската иницијатива протестот го најавија со почеток во 17 часот пред Владата на РМ.