Македонија
19. January 2023 - 15:02

Марио Павловски го пронајде и извади светиот крст од водите на Преспанско Езеро | ВИДЕО

Општина Ресен и свештенослужители од преспанско-пелагониската епархија, празникот Богојавление-Водици го одбележаа во Отешево, на брегот на Преспанско Езеро.

Во присуство на голем број верници, дел од нив храбри момчиња, најсреќен учесник беше Марио Павловски кој го пронајде и извади светиот крст од осветените води на Преспанско Езеро.

Пригоден подарок на Павловски му врачи градоначалникот на Општина Ресен, Јован Тозиевски.