-->
-->
Марихуана пронајдена при претрес на две куќи во Демиркаписко
-->
Марихуана е пронајдена при претрес на две куќи во Демиркаписко. Едниот претрес е извршен во куќа во Демир Капија, а другиот во демиркапиското село Чифлик.
- Вчера во 11 часот при претрес во домот на 29-годишен демиркапиец пронајдени се и одземени кутија со зелена растителна материја, најверојатно марихуана, како и метална дробилка за марихуана, изјави портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.
Час и половина подоцна, во селото Чифлик е извршен претрес во куќа на 38-годишно лице од Демир Капија при што пронајдени и одземени се кеса со зелена растителна материја, најверојатно марихуана, како и две помали кеси со бела прашкаста материја, најверојатно хероин.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар