Маричиќ: Исходот со министрите од АА, зависи од проценката на Џафери
Ние цениме секого и како политички субјект, зборувам за СДСМ и јас лично, ги ценам сите членови на Владата и сметам дека зависно од тоа што премиерот ќе го процени, какви се сигналите од Алијанса за Албанците и какви се ставовите, во врска со ова и нормално, какви се бројките во Собранието, ќе зависи исходот. Вака одговори вечерва првиот заменик претседател на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ на новинарско прашање за случувањата во АА, предлозите за нови министри и случувањата во техничката влада.
- Прашањето на предлагање избор и разрешување на членови на Владата е во надлежност на премиерот, односно мандатарот. Мандатарот Талат Џафери го предложи составот на Владата, Собранието го поддржа и оттогаш сме членови на Владата, предводени од премиерот Џафери. Ќе видиме во однос на тоа што дошло од Алијанса, претпоставувам дека премиерот на техничката Влада, Џафери ќе постапи согласно тоа што е политичка индикација, подвлече Маричиќ во изјава за новинарите.
Сепак, како што додаде, Алијанса е „значаен партнер во Владата и треба да се чујат нивното мислење и нивните предлози“.
- Ние имавме вчера седница, долга седница на Владата и се донесоа многу одлуки. Во дел од одлуките учествуваа и актуелните министри и актуелните заменици министри од Алијанса. Имаше одредени различни мислења, но, ова е Влада што обединува повеќе партии. Доколку премиерот процени, значи ќе треба него да го прашате, ќе побара нивно разрешување. Важно е, нормално, кого поддржуваат партиите и како, бидејќи Владата се составува врз основа на волјата на партиите. Но, ако Алијанса влегла во техничката Влада затоа што била дел од мнозинството и ги задржала истите места како што била дел во мнозинството, тогаш треба и така и очекуваме да се постапи. Доколку Алијанса, или дел од Алијанса го промениле мислењето, тоа сепак зависи од внатрепартиските одлуки, ќе треба исто така да се изјаснат, многу е тешко да имате двојна позиција во исто време, појасни Маричиќ.
Тој вечерва оствари средба со претставници на германскиот Бундестаг, по што следуваа изјави за медиумите.
Ново на Сител
-
Си пред посетата на Србија го критикуваше НАТО за бомбардирањето на Белград во 1999 година
-
ЕУ одобри шест милијарди евра за Балканот, Рама: Историски момент, кој внесува нов импулс во процесот на проширување
-
Девизните резерви во април зголемени за 41,9 милиони евра
-
Анонимна пријава за случаи со поткуп од политичка партија во Кичево
-
Во Делчево денеска гласаат 222 болни и изнемоштени лица за претседателските и парламентарните избори
-
Советот на ЕУ го усвои првиот закон за борба против насилство врз жените
-
И во Шпанија студентите подготвуваат протести против Израел
-
Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња