Македонија
7. August 2016 - 19:00

Мапа на „Гугл“ дава најнови информации за местата погодени од поплавата

Места кои не се проодни, кои се поплавени и кои се погодени од поплавата, се прикажани на мапа на интернет-страницата „Гугл“, преку која граѓаните можат да добијат најнови информации за случувањата во Скопје.

На мапата се обележани и пунктовите за собирање на донации, местата на кои може да се најде помош, како и безбедните места за евакуираните.

Мапата, која постојано се ажурира, прикажува и слики од погодените подрачја